Карпош Соколи го пречекува Кожув, а Струмица е домаќин на Работнички

Од:

Два натпревари од 11 коло во Првата македонска кошаркарска лига ќе се одиграат попладнево.

Дербито е во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски’’ каде второ пласираниот на табелата Карпош Соколи го пречекува гевгелиски Кожув.

Во вториот меч во Струмица истоимената домашна екипа ќе игра против Работнички кој има само една победа повеќе од струмичани, но скопската екипа има и одиграно и еден натпревар повеќе.

Вчера Куманово очекувано го победи Бест во Гевгелија со 93-83.

Дуелот од ова коло помеѓу МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри е одложен поради настапот на шампоионот во АБА лигата, кој вчера на гостувањето во Ваљево го победи Металац.

Табела: МЗТ Скопје 9-1 (победи-порази), Карпош Соколи 8-2, Куманово 6-5, Фени Индустри 6-4, Кожув 5-5, Работнички 4-6, Струмица 3-6 и Бест 0-11 .

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос