Србинот Драган Николиќ ќе биде нов тренер на екипата на Карпош Соколи. Тој ќе го замени сонародникот Синиша Матиќ на тренерската позиција кај „соколите“ откако синоќа си поднесе оставка.
Промената на тренерот дојде откако Карпош Соколи, тим кој е македонскиот претставник во две меѓународни натпреварувања, АБА и БИБЛ лигата, на деветте одиграни натпревари доживеа исто толку порази.
Новиот тренер Драган Николиќ веќе има искуство во Македонија. Тој беше дел од проект во женската македонската кошарка организиран во Охрид пред десетина години.
Во тимот од Карпош доаѓа од екипата на белградската Младост од Земун, а своето деби Николиќ ќе го има во понеделник и тоа во АБА лигата кога Карпош Соколи ќе му тим му гостува на ФМП во натпревар од осмото коло.