„Карјслер“ од пазарите ширум светот ќе повлече 630.000 возила

Од:

Само два дена по одбивањето на владиното барање за повлекување на 2,7 милиони постари модели на „џипови“, американската компанија „Крајслер“ одлучи од пазарите ширум светот да повлече вкупно 630.000 возила.

„Крајслер“ ќе повлече повеќе од 409.000 возила од марката „џип патриот“ и малиите СУВ возила „компас“, произведени меѓу 2010 и 2012 година, заради проблеми со воздушните перничиња и сигурносниот појас, пренесуваат американските медиуми.

„Крајслер“, исто така, ќе повлече 221.000 модели „џип вранглерс“ од 2012 и 2013 година за да го поправи менувачот заради истекување масло, се наведува во документите ставени на официјалниот сајт на Националната администрација за безбедност на патиштата во САД.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска