Каратистите на „Урбан инвест“ од Кавадарци освоија 25 медали во Црна Гора

Од:

Девет златни, седум сребрени и девет бронзени медали освоија каратистите од карате клубот „Урбан инвест” од Кавадарци, на меѓународниот турнир „Плевље опен 2016″,  кој вчера се одржа во Црна Гора.

Тренерот Ивана Аврамова денеска информираше дека на меѓународниот турнир „Плевље опен 2016″,  учествувале околу 600 натпреварувачи.

– На натпреварот учество земаа околу 600 натпреварувачи од Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Босна и Хрватска. Нашите каратисти повторно покажаа и докажаа дека ја имаат усовршено карате техниката, рече Аврамова.

Таа најави дека следуваат  уште многу натпревари во земјава и странство, на кои младите каратисти од Кавадарци ќе си ги одмерат знаењата во оваа вештина со своите врсници.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“