Канељас: Игравме интелигентно и без грешки

Од:

Во избор на најдобрите играчи на Ф4 турнир од ракометната СЕХА лига, четворица играчи на Вардар најдоа место, а меѓу нив Жоан Канељас освои дури две награди. Една како дел од Олстар тимот, и една за МВП играч.

Тој во победата над Веспрем (26:21) синоќа во финалето имаше реализација 5/7, и сигурно беше едно од изненадувањата за противничкиот тим.

– Завршивме многу добра работа. Игравме против еден од најдобрите тимови во Европа. Секогаш бевме еден чекор пред нив. Имавме одлична одбрана и не можеа да ја пробијат, а во напад игравме интелигентно и без многу грешки, а тоа е важно кога се игра со вакви тимови. Малку неочекувано настапивме со одбраната. Тие имаа проблеми со ваква одбрана кога играа во Загреб. Мислам дека завршивме добра работа и трениравме така во текот на минатата недела. И мислам дека беше успешно зашто ги изненадивме, изјави Канељас.

Шпанецот ги искажа и своите очекувања за претстојните предизвици на Вардар.

– Мислам дека треба да сме среќни. Се надевам дека и во следните натпревари ќе го искористиме искуството и ќе играме како денес, зашто во спротивно нема да имаме шанси за победа. Нашата цел е да стигнеме до Ф4 во Лига на шампионите, рече најкорисниот играч на завршниот турнир во СЕХА лигата.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар