Канада е петтиот четвртфиналист на СП за кошаркарки

Од:

Репрезентацијата на Канада е петтиот четвртфиналист на Светското првенство за кошаркарки кое се одржува во Турција.

Канаѓанките во првиот денешен мече од осминафиналната рунда, одигран во Анкара, ја совладаа селекцијата Чешка со 91:71 и обезбедија место меѓу четирите најдобри на Мундијалот, каде во четвртфиналето за противник ќе ја има репрезентацијата на Австралија.

Во истата арена во Анкара, од 19 часот ќе играат селекциите на Франција и Бразил, а петнаесет минути подоцна (19:15 часот) во Истанбул ќе започне натпреварот меѓу Белорусија и Кина.

Во последниот осминафинален меч, од 20 часот и 30 минути во Истанбул, ќе играат Србија и Куба.

Пласман во четвртфиналето покрај, Канада и Австралија, веќе имаат обезбедено и селекциите на: САД, Шпанија и Турција.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос