Калиниќ повторно се повреди

Од:

Српскиот кошаркар и актуелен член на шампионот во Евролигата, истанбулски Фенербахче, Никола Калиниќ доживеа нова повреда на скочниот зглоб.

Калиниќ на синоќешниот меч во Тел Авив, кој Фенербахче го загуби од Макаби, предвреме, уште во првото полувреме, го напушти теренот и замина во соблекувалната, по што не се врати во игра.

Засега не е позната тежината на повредата и дали и колку српскиот репрезентативец ќе отсуствува од терените.

Инаку, Калиниќ на терените се врати пред два дена, откако имаше повеќемесечна пауза поради повреда уште пред Европскиот шампионат, кој го пропушти, а неговата селекција го заврши со освојување на сребрениот медал.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска