(ВИДЕО) Калиниќ од одбојка за 19-0 на Ѕвезда

Од:

Екипата на Црвена звезда во драматичен финиш славеше победа против Будуќност во дерби натпреварот од регионалната кошаркарска АБА лига.

На средбата од 19.коло, одиграна попладнево во Подгорица, Црвена звезда ја победи екипата на Будуќност со 76:77, со кошот на Калиниќ на две секунди до крајот на натпреварот.

Со оваа победа, 19-та сезонава во АБА лига, белградските црвено-бели остануваат непоразени во регионалната конкуренција.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со средбата меѓу Задар и Мега Лекс.

Потсетување на постигнатите резултати од ова коло, на средбите кои се одиграа изминатиов викенд: Цедевита – МЗТ Скопје Аеродром 81:70, Металац – Унион Олимпија 67:76, Партизан – Игокеа 74:65, Крка – Левски Софија 72:61 и Солнок – Цибона 89:87 (по продолжение).

Табела: Црвена звезда 19-0 (победи-порази), Будуќност 15-4, Цедевита 13-6, Партизан 12-7, Унион Олимпија 10-9, Крка 9-10, Солнок 9-10, Цибона 9-10, Задар 9-9, Металац 8-11, Мега Лекс 7-11, МЗТ Скопје Аеродром 6-13, Игокеа 5-14 и Левски Софија 1-18.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос