Компанијата НЕВС, која во 2012 година ја купи шведската авомобилска марка Сааб, претстви два електрични концепти, како уверитра за сериските модели кои ќе ги понуди на кинеските пазари во 2018 година.
На рендерите покажани се два концепти на атомобили на струја – лимузина со ознака 9-3 и СУВ 9-3Х.
Станува збор за возила кои се засновани на последната генерација оригинален Сааб 9-3 и моделот 9-3X, а иако НЕВС ни ги доби правата за користење на Сааб амблемот и логото, двата автомобили имаат препознатлив дизајн на поранешниот производител од Шведска.
Така, наместо познатиот Сааб „грифон“ предната маска се украсува со едноставно лого НЕВС, линија на возилото е модернизирана, а тука се и современи ЛЕД светла.
Конвенционалните надворешни ретровизори со огледала заменети се со мали камери, па возачот наместо да гледа лево-десно за да дознае што се случува позади неговиот автомобил, комплетната ситуација ќе ја следи на екран во кабината на возилото.
Ваквото решение, производителите на автомобили се почесто го применуваат на своите концептни возила за да остават добар впечаток, но поради намалување на трошоците на производство, продукциските верзии најверојатно ќе имаат стандардни ретровизори.
Моделот 9-3 и 9-3Х ќе имаат електричен погон, наменет за кинескиот пазар, а НЕВС веќе прими повеќе од 150.000 порачки за седан 9-3.
Техничките детали за сега не се познати, но претходно беше најавено дека овие автомобили на струја ќе имаат автономија на возење до 300 км со полни батерии.