Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија на Европско првенство Б дивизија во Софија

Од:

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација од четврток ќе настапува на Европското првенство Б дивизија што се игра во Софија, Бугарија. Противници на нашата селекција во рамките на Д групата се: Украина, Португалија, Исланд, Шведска и Естонија.

Во пресрет на шампионатот селекторот Владимир Мирковски на денешната прес-конференција  рече дека имавле добри подготовки и одиграле шест натпревари во кои ривали им беа Бугарија, Романија и Израел.

– Составена е хомогена репрезентација и сметам дека тоа е квалитет на овој состав. Имавме и некои недостатоци во играта, но сметам дека низ натпреварите ги надминавме.Наша предност е тоа ќе играме агресивно во одбраната пред се, додека мал проблем ни претставува височината на играчите, рече Мирковски.

Нашата репрезентација утре заминува за Софија, а прв ривал на шампионатот во четврток ќе ни биде селекцијата на Украина.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос