Кошаркарската кадетска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) денеска го играат клучниот натпревар од групата за пласман во четвртфиналето на Европското првенство – Б дивизија што се одржува во Струмица.
Противник на Македонија е селекцијата на Грузија, а почетокот на натпреварот е во 18:45 часот.
Покрај овој дуел денеска од 12 часот од Б групата играат: Израел и Словенија.
Нашите кадети синоќа беа убедливо поразени од Израел со 100:63. Со победа над Грузија, македонската селекција ќе го освои второто место во групата и ќе разигрува во четвртфиналето.
Доколку Македонија загуби од Грузија ќе игра за пласман од 9-16.место на првенството.