Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години синоќа во Самоков во пријателски натпревар славеше победа над врсниците од Бугарија со резултат 63:57.
Избраниците на Владимир Мирковски во третиот контролен меч во рамките на подготовките за настап на ЕП во август во Софија успеаја да ја извојуваат првата победа против Бугарија.
По лошата игра во првите две четвртини кои кадетите на Бугарија ги добија 35:27, следуваше одлично второ полувреме на Македонија, во третиот дел со 17:12 успеа да го намали водството на противникот, за потоа решавачака четврта делница да ја добие со 19:10 за конечен триумф.
Предвоник на „црвено-жолтите“ до триумфот беше бекот Јанев со 24 постигнати кошеви одлично одигра и Јовановски со 14 поени и 6 скока.
Истите ривали денеска во Самоков ќе одиграат уште еден пријателски натпревар. По вториот дуел во Самоков, нашите кадети заминуваат за Букурешт на пријателски дели со Романија и Израел.