Кадетите на Македонија ја совладаа Португалија

Од:

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 16 години) ја остварија првата победа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Софија. Нашите кадети вечерва во натпревар од 2.коло ја победија Португалија со 51:40 (16:16; 11:02; 08:07; 16:15).

Решавачката предност нашата репрезентација ја оствари во вториот период кога противникот постигна само два поена. Избраниците на селекторот Владимир Мирковски предноста ја сочуваа во вториот дел (трет период) кога го имаа и највисокото водство од 35:20 во 26.минута.

Најефикасен во нашиот состав беше Александар Јанев со 22 поена.

На другите два дуела од 2.коло од групата Д: Шведска – Исланд 82:42 и Украина – Естонија 64:95.

Табела: Естонија 4 бодови, Шведска 3, Украина 3, Македонија 3,Португалија 3, Исланд 2.

Утре нашата репрезентација ќе игра против Исланд со почеток во 17:15 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос