Ракометните македонски репрезентации за играчи до 20 и 18 години, на денешната ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, ги добија своите противници.
Јуниорите на ЕХФ шампионатот од 3 до 12 јули 2020 во летонската престолнина Рига, ќе бидат дел од групата Б, во која ќе се најдат уште Белорусија, Луксембург, Бугарија и Косово.
Кадетите, на првенството од 17 до 23 август во Скопје, во првата фаза ќе играат против Полска, Естонија и Грција. Тука немаше ждрепка, туку нашата селекција како домаќин на турнирот, имаше право да ги одбере ривалите. Очекувањата се Полјаците да ни бидат најголем ривал во групата, и во битка за место на младинското ЕП во 2022 година.