Јужна Америка бара Светско првенство на две години

Од:

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) предложи на ФИФА Светското првенство да се одржува на секои две години, изјави претседателот на организацијата Алехандро Домингез.

– Ние секогаш ќе ја поддржуваме идејата и предложивме на ФИФА да се одржува Светското првенство на секои две години, а не на четири. Наместо да се игра Лигата на нациите помеѓу турнирите, можеме да играме секоја година. Ако ја промениме формата, многу од фудбалерите ќе можат да играат на Светско четири пати во својата кариера, а не два, на пример. Понудивме на ФИФА светска лига на нациите или светско првенство на секои две години. Од економска гледна точка сметам дека ФИФА може да заработи пари, изјави Домингез пред „Индепендент“.

ФИФА ја разгледува можноста да се одржи светска лига на нациите и клупско светско првенство во проширен формат.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи