Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани е близу до преселба во Лестер ова лето. Клубот од Торино е подготвен да го пушти 26-годишниот Италијанец да замине во англискиот клуб, под услов „лисиците“ да бидат подготвени да платат 25 милиони евра за играчот, јавува „Corriere dello Sport“.
За потсетување, за Ругани е заинтересиран и Вулверхемптон.
Во тековната сезона, дефанзивецот има девет натпревари во Серија А.