Во Јувентус продолжуваат да анализираат што да прават со својата голема ѕвезда, Кристијано Роналдо. Иако се работи за една од најмоќните екипи во европскиот фудбал, и „Старата дама“ не беше поштедена од финансиските последици поради Ковид-19.
„Калчомеркато“ открива дека Јуве навистина размислува да се раздели со Кристијано Роналдо следното лето. Иако има 35 години, тој ја задржа формата и физичката подготвеност, што значи дека може да се разгледа неговата продажба.
Во последните неколку недели се појавија спекулации за наводен интерес од тимови, вклучувајќи ги и неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. Ова се два економски моќни клуба кои ќе му овозможат на португалскиот репрезентативец да продолжи да игра на највисоко ниво до крајот на триесеттите години и од друга страна да го стимулира протокот на пари на Јувентус.