Јуве и Барса се договорија за трансферот на Артур, фудбалерот уште размислува

Од:

Сопствениците на Јувентус и на Барселона се договориле за трансферот на Артур во Торино вреден 80 милиони евра, пишува „Скај Спортс“

Сепак, самиот фудбалер не дал согласност за договорот. 23-годишниот халф сака да остане на „Камп Ноу“ и покрај тоа што „бјанконерите“ му нудат сериозно покачување на платата.

Доколку се случи зделката, се тврди дека Артур ќе зема пет милиони евра по сезона. Каталонскиот клуб се залага за трансферот да стане факт до 30 јуни за да го формира својот биланс на состојба за финансиската година.

Двата клуба ќе ги продолжат своите напори да го убедат играчот.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)