Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром до 19 години, го надиграа Задар со 80:71 во второто коло на турнирот од АБА лигата кој се игра во Задар.
Со оваа победа, МЗТ има две победи во два настапи, вчера го совладаа Морнар, и сега македонскиот тим го дели првото место со белградска Црвена звезда, со која ќе има дуел вечерва од 20:15 часот. Утре МЗТ има дуел со Цедевита Олимпија, а в недела против Приморска.
Целта на младите „штркови“ е да бидат први или втори во групата, со што би се пласирале на фајнал-фор турнирот, на кој ќе играат четирите најдобри тимови од поранешна Југославија во оваа возрасна категорија.