Кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години продолжува со одигрување на пријателски средби во рамките на подготовките за настап на Европското Првенство во Австрија. Денеска и утре во Самоков избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ ќе одиграат две контролни средби со врсниците од Бугарија.
Двете селекции минатата недела во Скопје исто така одиграа две пријателски натпревари, на првиот дуел Македонија славеше победа со 75:71, за потоа гостите да ни се реваншираат со 74:66.
На контролките во Самоков нашиот стручен штаб на располагање ќе ги има сите репрезетативци. Тимот во однос на средбите во Скопје ќе биде посилен за плејмејкерот Ненад Димитријевиќ.
На Европскиот шампионат кој ќе се игра во неколку градови во Австрија од 23 јули до 2 август, македонската селекција ќе биде дел од групата Д заедно со националните тимови на Исланд, Данска, Ирска, Израел и домаќинот Австрија.