Јовиќ: Игравме добро до 55. минута

Од:

По поразот од Мешков Брест вчеравечер во СЕХА лигата, помошниот тренер на Металург Александар Јовиќ истакна дека македонскиот вицепрвак потфрли во последните пет минути.

– И честитам на екипата на Мешков Брест за победата. Мислам дека Металург денеска одигра добар натпревар, но само до  55. минута. После тоа влеговме во серија грешки, што Мешков знаеше да го казни и на крајот и да победи. Мешков има одлична екипа. Оваа сезона играат многу добро и јас им посакувам пласман во фајналфорот на СЕХА-лигата и на Лигата на шампионите, рече Јовиќ.

Бекот на тимот од Автокоманда, Немања Обрадовиќ, смета дека поразот е превисок и не е одраз на прикажаното.

– Домашната екипа беше фаворит пред средбата, а тоа го потврди и на натпреварот, бидејќи водеше во текот на целата средба. Во последните неколку минути ја загубивме концентрацијата и дозволивме противникот да стекне предност, која е повисока од таа што беше реална за развојот на работите на оваа средба. Му посакувам на нашиот ривал среќа и успех во преостанатите средби во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата, додаде Обрадовиќ.

Металург го загуби натпреварот од 12. коло на СЕХА-лигата, против екипата на Мешков Брест, со резултат 31:26 (15:11).

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска