Јотовски запрен во четвртфиналето во Ниш

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски по голема борба и повеќе од три часа игра го загуби четвртфиналето на фјучрсот во Ниш од српскиот тенисер Ласло Ѓере со 2:1 во сетови. Ѓере е втор носител на турнирот и во моментов е рангиран на 405-то место, а во јули годинава беше рангиран на 340-то место.

Првиот сет во тај брекот му припадна на Јотовски со 7:6 – 7:2 на поени. Во вториот сет Ѓере изедначи добивајќи го тај брекот со 7:4 на поени. Во решавачкиот сет српскиот тенисер имаше брејк повеќе и го доби сетот со 6:4. За пласманот во четвртфиналето Јотовски ќе освои два нови поени.

Јотовски по одморот попладнево ќе игра уште еден меч. Во финалето во игра на двојки заедно со колегата од Дејвис куп репрезентацијата на Македонија, Димитар Грабул ќе играат против вторите носители Иван и Матеј Шабанов од Хрватска.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров