Томислав Јотовски се пласира во четвртфиналето на тенискиот фјучрс на Златибор.
За место меѓу осумте најдобри, македонскиот тенисер се избори со денешната победа над Унгарецот, Виктор Филипенко со 2:1 по сетови 6:2, 2:6 и 6:1.
Во четвртфиналето, Јотовски ќе игра со победникот од мечот меѓу Бесир Дургути и Арсеније Златановиќ (7, носител Србија).