Јотовски стартуваше со победа во Сомбор

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски по настапот во финалето во неделата во Ваљево успешно стартуваше и на фјучрс турнирот во Сомбор. Јотовски, кој е рангиран како осми носител успеа да го совлада Богдан Ѓурѓевиќ од Германија со 2:0 во сетови.

Нашиот тенисер на убедлив начин го освои првиот сет со 6:1 во гемови, а во вториот по водството од 2:0 му дозволи на противникот да изедначи на 2:2. Сепак до крајот со серија од четири гема стигна до победата.

Инаку, Ѓурѓевиќ (2225. место АТП листа) на турнирот настапи со специјална покана.

Јотовски во следното коло ќе игра против квалификантот Алберто Камарата од Италија (969. место АТП листа).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров