Македонскиот тенисер Томислав Јотовски уште еднаш го подобрува својот ранг на АТП листата.
Јотовски со 45 поени се наоѓа на 623. место и има скок од 5 позиции, но се очекува при следната промена кога ќе му бидат „впишани“ и 10-те поени од Суботица да напредува уште повеќе.
Напредок од две места има и Димитар Грабул и со 36 поени е на 683. место.
Стефан Мицов има – 6 поени и се наоѓа на 1.245 место, Шендрит Деари е 1.306.место со 5 поени, а Бсир Дургути има 4 поени и е на 1.401 место.
На врвот нема промени бидејќи овој викенд се играа мечеви од Дејвис купот, а редоследот е: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роѓер Федерер, Стан Вавринка и Давид Ферер.