Јотовски со најдобар ранг на АТП листата

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски на најновата промена на АТП листата го бележи својот најдобар ранг во кариерата. Јотовски сега се наоѓа на 625.место со 46 поени. Тој на последната промена има шест нови поени, кои практично ги одбрани со полуфиналето на турнирот во Сомбор воедно има и скок за три места од претходното рангирање.

Димитар Грабул и натаму е најдобро пласиран македонски тенисер на 583. место со 53 поени, а и тој има скок од три места. Стефан Мицов и Шендрит Деари имаат мал пад на листата. Мицов остана на 6 поени и на 1.223 место (пад три места), а Деари има 5 поени – 1.304 место (пад две места). Без промена на рангот и со ист број поени е Бесир Дургути, кој се наоѓа на 1.530 место со 3 поени.

Оваа недела Јотовски и Мицов ги очекува настап на фјучрс турнир во Нови Сад.

Јотовски во првото коло ќе игра со помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Марко Ѓоковиќ, додека Мицов ќе игра против вториот носител Адриан Партл од Словачка.

Инаку, Мицов успешно ги мина квалификациите и денеска постигна победа над Квентин Роберт со 2:0 во сетови, додека Деари загуби од Срѓан Јаковљевиќ со истиот резултат.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров