Јотовски со најдобар ранг

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски и покрај тоа што е во фаза на тренинзи по повредата и одморот напредуваше три места на АТП листата и со 57 поени го има најдобриот ранг – 562. место.

И другите македонски тенисери немаа настапи претходната недела на фјучрс турнирите, но воглавно сите имаат мал скок.

Димитар Грабул кој по титулата државен првак победи и на турнирот во организација на МТП сега се наоѓа на 630.место со 42 поена и скок од 7 места. Шендрит Деари е 1.223 со пет поени, Стефан Мицов го задржа 1.295 места, а пад од три места има Бесир Дургути – 1.311 место.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров