Јотовски со мал пад на најновата АТП листа

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски забележа пад од четири позиции на најновата АТП листа објавена денеска. Јотовски се наоѓа на 629.место со 45 поени, што е за еден помалку од минатата недела.

Голем пад од 112 позиции бележи Димитар Грабул, кој сега е на 695 место и има 35 поени или 18 помалку од претходното рангирање.

Другите тројца македонски тенисери немаат големи промени во рангот: Стефан Мицов – 1.227 (6 поени); Шендрит Деари – 1.300 (5) и Бесир Дургути – 1.520 (3).

Лидер е Новак Ѓоковиќ пред Рафаел Надал, Рожер Федерер и Стан Вавринка.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров