Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло од фјучрсот во Белград откако во воведната рунда го победи Србинот Никола Ќириќ со 2:0 во сетови (7:6 и 6:2).
Најдобар пласман на Ќириќ во кариерата бил 151.место (пред три години).
Јотовски, кој е рангиран како осми носител во следното коло ќе игра против квалификантот Марко Осмакчиќ од Швајцарија.
Пласман во второто коло на фјучрсот во Благоевград обезбеди и Стефан Мицов откако слевеше победа на Горан Марковиќ од Србија со 6:1 во двата сета.
Во следното коло Мицов ќе игра против вториот носител Глеб Сахаров од Франција.
За разлика од нив, Бесир Дургути доживеа пораз во два сета – 6:3 и 7:6 од седмиот носител Грегори Барере на фјучрсот во Благоевград, Бугарија.