Јотовски се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Тунис

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски избори пласман во полуфиналето на фјучрсот во Тунис откако денеска го победи Чилеанецот Рикардо Уруза-Ривера со 2:0 во сетови.

И двата сета Јотовски ги доби со 6:4 во гемови со што му се реваншираше на Ируза-Ривера за поразот во јуниорска конкуренција во 2007 година.

Со оваа победа македонскиот дејвис куп репрезентативец ги надмина проблемите со кои се соочува топлото време и повредата на раката која ја доби за време на настапот во Дејвис купот.

Јотовски во полуфиналето утре ќе игра против победникот од мечот Моез Ечаруги (Тунис) и Хишам Кадари (Мароко).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров