Јотовски продолжува со победите на фјучрсот во Иран

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски постигна уште една победа на фјучрс турнирот во Киш, Иран и се пласира во четвртфиналето.

Тој денеска во дуелот од 2.коло го победи Италијанецот Алберто Камарата со 2:0 во сетови (6:2 и 6:4). Јотовски мечот го заврши со пет брејка што беше доволно за сигурна победа.

Противник во следното коло ќе му биде победникот од мечот Аркадиуш Коцила (Полска) и Алексис Мусиалек (Франција, 3.носител).

Заедно со Полјакот Коцила нашиот тенисер попладнево ќе игра и во мечот од двојки против германските тенисери Јонас Лутен и Тимон Рајхелт. 

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров