Јотовски поразен во финалето во Брчко

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски ниту во своето трето финале во поединечна конкуренција не успеа да дојде до првата турнирска победа.

Тој денеска во финалето на фјучрсот во Брчко загуби од Словенецот Том Кочевар-Дешман со 2:0 во сетови.

Во првиот сет Јотовски освои само еден гем, а во вториот два, недоволно да се стори нешто повеќе против подобриот ривал.

За пласманот во финалето Јотовски ќе добие 10 поени со кои следната недела се очекува да напредува на АТП листата.

Јотовски со настапи во БиХ ќе продолжи на уште два турнира, во Кисељак од вторник и следната недела во Сараево.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров