Јотовски поразен во финалето на фјучрсот во Суботица

Од:

Томислав Јотовски го загуби финалето на фјучрс турнирот во Суботица со награден фонд од 10.000 долари. Подобар од него денеска беше Дејан Катиќ од Србија со 6:4 и 6:2 во сетови.

Во текот на мечот противникот на Јотовски ги искористи своите брејк шанси (6/6), додека Јотовски имаше половичен ефект (3/6). Последици за Јотовски имаа и претходните два меча, кои ги доби во три сета (Димитар Грабул – четвртфинале и Илија Вучиќ – полуфинале), за разлика од него Катиќ играше многу пократки мечеви и имаше повеќе време за одмор.

Ова за Јотовски беше второто финале во кариерата и двете ги одигра оваа година и во двете загуби.

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец за пласманот во финалето ќе освои 10 поени и се очекува да направи скок на АТП листата откако ќе му бидат запишани поените.

Во моментов Јотовски се наоѓа на 628. место и најверојатно ќе биде пласиран под 600 место што ќе биде негов најдобар пласман.

Од понеделник тој ќе настапи на фјучрс турнирот во Ниш, каде покрај него учество обезбеди и Димитар Грабул, додека во квалификациите настапуваат Стефан Мицов, Бесир Дургути и Шендрит Деари.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров