Јотовски поразен во четвртфиналето на фјучрсот во Иран

Од:

Томислав Јотовски не успеа да се пласира во завршната четворка тенисери на фјучрсот во Киш, Иран. Тој денеска во четвртфиналето загуби од вториот носител Хрватот Тони Андроиќ со 2:0 во сетови.

Првиот сет му припаднал на Андроиќ со 6:1 во гемови, додека во вториот Јотовски пружил посилен отпор и сетот противникот го добил со 6:4. Јотовски мечот го заврши со два брејка од шест можности, додека противникот имаше пет од седум можности. Инаку, Тони Андроиќ се наоѓа на 291 место на АТП листата.

Јотовски ќе има настап на уште еден фјучрс турнир во Иран што почнува од понеделник, а за пласманот во четвртфиналето на овој турнир ќе добие нови два поена

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров