Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Нови Сад откако вечерва загуби во меч во три сета од третиот носител Французинот Глеб Сахаров со 2:1 во сетови.
Првиот сет Сахаров го доби откако подобро го „отвори“ мечот со водство од 3:0 во гемови. Таа предност Французинот ја сочува до крајот на сетот.
На стартот од вториот сет Сахаров поведе со 1:0, но Јотовски брзо го врати загубениот гем на свој сервис и до крајот успеа да поведе и да го добие сетот со 6:4.
Во решавчкиот сет се водеше голема борба во која на крајот со 6:4 во гемови триумфираше Французинот.
Јотовски со пласманот во 2. коло ќе освои еден поен, а следната недела ќе настапува на турнирот на Златибор.