Јотовски победи во двојки во Стара Загора, Ѓорческа го загуби финалето во двојки

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски заедно со Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина триумфираа во игра на двојки на фјучрс турнирот во Стара Загора.

Тие во финалето попладнево ги победија Јан Блеча (Чешка) и Александар Лазов (Бугарија) со 7:5 и 6:2 во сетови. Ова е прва победа во двојки за Јотовски во 2014 година откако имаше и едно финале претходно на фјучрс турнир во Египет.

За разлика од Јотовски, Лина Ѓорческа не успеа во финалето да постигне победа на фјучрсот во Ниш. Таа заедно со Марина Лазиќ (Србија) загубија од Александра Нанкаров (Австралија) и Марија Сакари (Грција) со 6:3 и 6:0 во сетови.

Ѓорческа утре во полуфиналето во поединечна конкуренција ќе игра против Деа Харџелас (7.носителка, БиХ).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров