Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Сомбор откако попладнево загуби од третиот носител Марко Тепавац (Србија) со 2:0, по сетови 7:5 и 6:1.
Мечот беше изедначен во првиот сет до 5:5 кога Јотовски не успеа да искористи три брејк топки, а потоа не го искористи сервисот во 12.от гем и со тој брејк Тепавац го освои првиот сет.
Во вториот сет српскиот тенисер го искористи заморот на Јотовски и убедливо славеше со 6:1.
За пласманот во полуфиналето Јотовски ќе добие шест поени, а на новата ранг листа в понеделник ќе му бидат впишани и 10-те од финалето во Ваљево.