Јотовски не успеа да го освои првиот трофејот со сингл конкуренција

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да го освои својот прв трофеј во поединечна конкуренција на Фјучерс турнирите.

Јотовски попладнево во финалето на турнирот во Ваљево, Србија, кој се играше за награден фонд од 10.000 американски долари загуби од францускиот тенисер Максим Жанвие.

Во неизвесен меч кој траеше речиси час и половина Јотовски загуби во два сета и тоа во тај-брејкот.

Првиот сет Французинот го доби со 7:6 во гемови односно во тај-брејкот со 7:4 на поени.

Иако во вториот сет Јотовски имаше и можност да го израмни резултатот, сепак Жанвие се избори за нов тај-брејк кој го доби на поени со 8:6, за конечни 2:0 во сетови.

Ова беше прво финале во сингл конкуренција за 23-годишниот македонски тенисер кој во моментов е на 709-место на АТП листата, а најверојатно веќе утре ќе има прогрес, но дали ќе го надмине својот најдобар ранкинг од 26 мај годинава кога беше на 705 место, останува да ја сочекаме најновата АТП ранг листа која вообичаени се објавува секој понеделник.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров