Јотовски ја мина првата пречка во Ниш

Од:

Најдоброрангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски без поголеми проблеми успеа да се пласира во второто коло на фјучрс турнирот во Ниш. Тој денеска го победи Стефан Миленковиќ од Србија со 6:3 и 6:2 во гемови.

Јотовски слично како и на минатонеделниот турнир во Суботица во 2. коло ќе игра против македонски тенисер. Во Суботица го победи Шендрит Деари, а потоа во четвртфиналето и Димитар Грабул, додека во Ниш за противник ќе го има Бесир Дургути.

Во второто коло на фјучрсот пласман избори и Димитар Грабул.

Попладнево Грабул и Јотовски ќе играат и меч во двојки од четвртфиналето против Габор Боршош (Унгарија) и Драгош Кристијан Миртеа (Романија).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров