Јотовски и Фатиќ елиминирани во двојки на турнирот во Сараево

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски и неговиот партнер Босанецот, Нерман Фатиќ се елиминирани во првото коло на ИТФ Фјучер турнирот во Сараево, кој се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Во мечот во двојки одигран попладнево, Јотовски и Фатиќ загубија од германскиот пар Кевин Кравитц и Нилс Лангер во три сета, со 2:1.
Иако првиот сет го добија Јотовски и Фатиќ со 6:3 и навидум тоа навестуваше нивни пласман во следната рунда, сепак Германците не се предадоа, па до израмнување 1-1 во сетови стигнаа откако го добија вториот сет со 7:5.

Во решавачкиот трет се водеше голема битка, а победникот беше решен по дури четиринаесет одиграни гемови. Германскиот тандем го доби сетот со 8:6 за конечна победа од 2:1 во сетови и пласман во следната рунда.

Пред нашиот тенисер кој изминатиов период игра во одлична форма, претстои настапот во поединечна конкуренција, а во првиот меч Јотовски за противник ќе го има Италијанецот Фабио Меркури.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров