Томислав Јотовски во четвртфиналето на фјучрсот во Суботица го победи Димитар Грабул со 2-1 во сетови (6:4; 0:6; 6:2).
Двајцата тенисери имаа по седум брејка, Јотовски од 21 шанса, а Грабул од 11. Во вкупниот број поени беше 78:76 за Јотовски.
Гемовите на сервис на Грабул трае подолго и тој сервираше 86 пати, а Јотовски 68.
Утре во полуфиналето Јотовски ќе игра против Илија Вујиќ од Србија, кој се наоѓа на 834. место на АТП листата, а во четвртфиналето го победи Германецот Пирмин Хенле.
Ова беше втор меч меѓу Јотовски – Грабул и сега билансот е 1:1 во победи, откако Грабул го има добиено првиот меч 2008 година во Сомбор.
Грабул за пласманот во четвртфиналето ќе освои 2 поена.