Јотовски четвртфиналист во Шведска

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Карлскрона, Шведска.

Тој меѓу осумте најдобри на турнирот влезе откако неговиот ривал од 2.коло, домашниот тенисер Џонатан Мрида поради висока температура го предаде мечот.

Противник на Јотовски, кој е втор носител на турнирот во следната рунда ќе му биде германскиот генисер Тимон Рихелт, кој денеска со 2-0 во сетови го совлада сонародникот Пирмин Хенле (6.носител).

25-годишниот Рихелт се наоѓа на 1.031 место на АТП листата.

Јотовски попладнево во игра на двојки заедно со Милош Секулиќ од Шведска во четвртфиналето ќе играат против Јеле Селс и Колин Ван Бим од Холандија.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров