Томислав Јотовски го доби дуелот на македонските тенисери во 2. коло на фјучрсот во Ниш, откако денеска со 2:0 по сетови 6:1 и 6:4 беше поуспешен од Бесир Дургути.
Ова воедно е втора победа на Јотовски во исто толку меча на фјучрс турнири против Дургути.
Томислав Јотовски во четвртфиналете ќе игра со победникот од мечот Лалсо Ѓере (Србија) – Валентин Димов (Бугарија).
За разлика од Јотовски третиот македонски тенисер на овој турнир, Димитар Грабул не успеа да ја мине втората пречка. Тој загуби од Марко Тепавац со 2-1 по сетови 6:4, 4:6 и 6:1.
Попладнево Јотовски со Димитар Грабул играат полуфинален меч во двојки против Романците Тудор Кристиан Сулеа и Лука Георге Татомир.