Јоровиќ: МЗТ има значително посилна екипа од моменталниот пласман

Од:

Капитенот на Игокеа Бранко Јоровиќ очекува тежок натпревар во сабота со македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром за кого вели дека е многу посилен отколку што тоа го покажува пласманот на табелата.

– Нема да ни биде лесно, бидејќи МЗТ Скопје има значително подобра екипа од моменталниот пласман. Сепак ние не треба да гледаме во нивниот двор, туку да одработиме најдобро што знаеме. Тоа е патот до успехот, тврди Јоровиќ.

Тој смета дека Игокеа треба да игра агресивно во одбраната и брзо во нападот.

– Мораме да имаме брз проток на топката и на тој начин да бидеме нерешлива енигма за одбраната на македонскиот состав. Уверен сум дека нема да разочараме и дека ќе се избориме за третата победа сезонава, нагласи капитенот на тимот од Лакташи.

Натпреварот од 9.коло во АБА лигата меѓу Игокеа и МЗТ Скопје Аеродром ќе се одигра в сабота од 21 часот во Александровац (БиХ).

И двете екипи по осум кола имаат две победи и шест порази и се при дното на табелата.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос