Јончевски нема да го предводи МЗТ Скопје на гостувањето во Задар

Од:

Македонскиот претставник во Балканската кошаркарска лига в петок на гостувањето кај Задар нема да биде предводен од тренерот Александар Јончевски кој заработи еден натпревар суспензија за наводно непримерно однесување на дуелот со Будуќност.

– Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Јончевски е казнет од страна на АБА лигата со еден натпревар неводење на екипата, по претходна пријава од судиите по завршување на средбата МЗТ Скопје-Будуќност, заради непримерно однесување кон официјалните лица.

Казната се однесува на утрешниот натпревар Задар-МЗТ Скопје, а екипата на оваа средба ќе ја води првиот помошник Горан Крстевски, соопшти македонскиот шампион преку официјалниот Фејсбук профил.

Јончевски на прес-конференцијата по поразот од црногорскиот шампион во понеделникот во Скопје изрази зачуденост од тоа што делегатот го повикал да потпише некаква изјава.
МЗТ загуби од лидерот Будуќност 68:72 во драматична завршница кога судиите неколкупати не досудија очигледни прекршоци на гостинските кошаркари.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос