Поранешниот литвански кошаркарски репрезентативец Шарунас Јасикевичиус ќе биде прогласен за легендата на Евролигата, се наведува на официјалната веб страна на ова натпреварување.
Јасикевичиус оваа награда треба да ја прими в четврток во Каунас пред натпреварот од ТОП 16 фазата меѓу Жалгирис и Реал Мадрид.
Литванецот четири пати ја има освојувано Евролигата – 2003 со Барселона, 2004 и 2005 година со Макаби и 2009 година со Панатинаикос и е единствениот кошаркар кој стигнал до трофејот од елитното натпреварување со три различни екипи.
Тој двапати беше прогласен за најдобар играч во Европа (2004, 2005), и има титулата шампион на Грција, Турција, Литванија, Шпанија и Израел.
Со репрезентацијата на Литванија освои три медали – бронзен медал на Олимписките игри во Сиднеј (2000), како и злато и бронзениот медал на Европското првенство во Шведска (2003) и Шпанија (2007).
Во текот на кариерата играше за Литвос Ритас, Олимпија, Барселона, Панатинаикос, Макаби, Фенербахче, а во НБА лигата беше член на Индијана и Голден Стејт.
Минатото лето Јасикевичиус ја заврши неговата играчка кариера, а сега работи како помошник-тренер во Жалгирис.