Јашари: Неверојатно е чувството да се биде првиот со златен медал за Македонија

Од:

Хамза Јашари од клубот Миоки, на Европскио Куп во Гиор, Унгарија, го освои првиот златен медал за Македонија. Оваа година за прв пат се интонираше Македонската химна на еден џудо настан организиран од Европската Џудо Унија.

– Неверојатно е чувството да се добие првиот македонски златен медал во кадетскиот Европски Куп. Тренирам џудо од седум години и од тогаш живеам за тоа. Никогаш не сум се обидел да се пронајдам во некој друг спорт, бидејќи тоа беше љубов на прв поглед. Моето семејство ме поддржа во ова најмногу, но тие не се интересираат за џудото колку што мене. Мојот прв натпревар беше во 2012 година, а сега имам златен медал. Ова е неверојатно. Се надевам дека ќе постигнам таков успех во блиска иднина, изјави Хамза.

Хамза мораше да освои пет борби за да стигне до најсјајниот медал. Прво, тој победи против со Гергели Габор (Романија), а вториот натпревар беше против Матушовиц Дан (Германија). Во полуфиналето, мораше да се бори против Италијанецот, Луиџи Центрачо, при што Хамза победи со 2 слични вазари. Конечно, во последниот натпревар за златен медал тој се соочи со Матео Чук (Германија).

Би можело да ве интересира

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

Орце Костов

ВИДЕО: Српска џудистка едвај стои на нозе по десетминутна борба, навивачите се загрижија

Жарко Настоски

Уште еден џудист не сака да се бори против Израелецот Бутбул

Жарко Настоски

Џудист од Алжир се повлече од Олимпијадата, можело да се сретне со израелски противник

Жарко Настоски

Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Ана Ололовска

Џудо федерацијата на С. Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка

Ана Ололовска