Јапонски студенти направија копија на „Мерцедес АМГ Г63 6х6 “ од само 9.000 долари

Од:

Возилото што на прв поглед изгледа како скапоцен џип на „Мерцедес“ од 700.000 долари, всушност е копија направена од група јапонски студенти, со буџет од само девет илјади долари.

Кинезите можеби се најпознати по производство на копии на оригинални автомобили, но Јапонците покажаа дека можат да им парираат во оваа вештина.

За разлика од кинеските производители, кои своите автомобилски „клонови“ ги изработуваат сериски и ги продаваат на домашниот пазар, 12 студенти од Јапнија одлучиле да направат копија на „Мерцедес АМГ Г63 6х6“ за покажат дека тоа може де се направи со релативно мала сума на пари и сопствени вештини.

Како „донор на органи“ послужиле две возила „Сузуки Џими ЈА11“ од 1990 година , а резултатот е навистина зачудувачки.

Еден примерок на џипот „Сузуки“ бил користен како основа за возилото, а од другиот била позајмена третата осовина за оваа реплика на „Мерцедес“.

Механички, многу делови биле преземени од „Сузуки“, но некои системи бил модиифицирани, како кочниците, на пример.

Копијата има слични пропорции како оригиналот, но, сосема разбилво, со помали димензии од вистинскиот цип на „Мерцедес“.

Силата, исто така, е скромна, со оглед на тоа што е искористен оригиналиот мотор на „Сузуки“, а репликата нема ниту погон 6х6, што е карактеристичен за оригиналниот модел.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска