Јапонскиот производител на автомобилски делови „Таката“ е прогласен за виновен за измама и се согласи да плати казна од една милијарда долари за тоа што го сокрила дефектот во милиони пумпи за неговите воздушни перничиња, пренесоа американските медиуми.
Пред суд во САД компанијата призна дека ги криела проблемите што можат да доведат до експлозија на пумпите со преголема сила, распрснувајќи парчиња кон возачот и патниците.
Дефектот, што доведе до смртни последици кај 16 лица низ целиот свет, од кои 11 во САД, и до повредување на над 180 лица, беше причина за повчекување на милиони автомобили и пневматски пумпи од пазарите ширум светот.
„Таката“ се согласи да плати 850 милиони долари отштета за автомобилските производители, 125 милиони долари за жртвите и нивните семејства и 25 милиони долари казна за американската Влада.
Адвокатите на жртвите во десетината предмети поврзани со дефектот во САД, поднесоа документи, со кои ги обвинија автомобилските компании „Хонда“, „Тојота“, „Нисан“, „Форд“ и „БМВ“, дека знаеле за проблематичните воздушни перничиња, но продолжиле да ги користат со години потоа, пред се, за да заштедат пари.