Јанис: Ќе влегуваме како аутсајдери во секој натпревар

Од:

Крилниот напаѓач на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо го сподели своето мислење по мечот број 3 помеѓу „елените“ и Орландо Меџик.

Актуелниот МВП на НБА помогна во успехот на Бакс со 121-107, откако реализираше 35 поен, 11 скокови и 7 асистенции, а по натпреварот изјави дека тој и неговите соиграчи сега можат да ги предвидат потезите на нивните противници.

– Играме со нив по трет пат во низа и сега можеме да предвидиме од каде ќе потекнуваат нивните шутеви. Знаеме како ќе играат во одбрана, што да правиме ние во рекетот. Не можам да кажам дека е поудобно за нас, но сега навистина ја сфативме нивната игра. Ние веруваме во нас и во нашиот тим, но на крајот сè уште не сме шампиони. Одлучивме да играме како аутсајдери од мечот бр.2 и ќе продолжиме да го правиме тоа, изјави Гркот.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он